Град Скопје започна со чистење на дивата депонија покрај езерото Треска во Сарај

Град Скопје започна со чистење на дивата депонија покрај езерото Треска во Општина Сарај.

-Оваа депонија се простира на површина од 10.000 метри квадратни со повеќе од 5.000 метри кубни отпад кој несовесни физички и правни лица го исфрлаат на овој простор, депонија која постојано се пали и со тоа се ослободуваат штетни емисии во воздухот, како и се загадува почвата и подземните води, порача денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која изврши увид на терен. 

Инспекциските служби се постојано на терен во смени со цел санкционирање на оние кои го кршат законот, а со тоа сериозно ја загрозуваат животната средина и здравјето на граѓаните кои живеат во Општина Сарај и Ѓорче Петров, велат надлежните од Град Скопје.