Град Скопје со апел до граѓаните поради најавеното невреме

По најавите од УХМР за поголеми врнежи на дожд, грмежи и засилен ветар во Скопската котлина, апелираме до граѓаните да избегнуваат движење во Градскиот парк, парк шумата Водно и Гази Баба, како и движењето по патеки поккриени со дрвја, велат од Град Скопје.

Исто така, апел до возачите да избегнуваат да ги паркираат возилата во близина на дрвја и да ги избегнуваат подвозниците поради опасноста од можна појава на поплавување.

Кризниот штаб за заштита и спасување на Град Скопје ја следи состојбата на терен и е подготвен да интервенира за санација на штетите предизвикани од евентуално невреме.