Град Скопје: Се гради на најмалку 11 локации низ градот

На 11 локации во Скопје ќе започнат градежни активности, информираат од Град Скопје. Периодов започнува летна градежна офанзива за изградба и реконструкција на градските улици и булевари.

-Градежните работи се во тек на Булевар АСНОМ, од булеварот „Гоце Делчев” до влезот во Ќерамидница, на должина од 300 метри, улица „Васко Карангелевски”, на потегот од булеварот „Јане Сандански” до булеварот „Трета македонска бригада”, на должина од 1.000 метри, и на раскрсница на улицата „Скупи” и булеварот „8.Септември”, раскрсница на булеварот „8.Септември” и булеварот „Никола Карев” и раскрсница на булевар „Никола Карев” и булевар „Словенија” (капиталниот проект за изградба на два кружни тека, подвозници и надвозници кај Момин поток). Булевар „Борис Трајковски”, на потегот од Пинтија до Драчево, на должина од 2.000 метри, улица „Лука Геров”, на потегот од кружниот тек кај пожарната до улицата „Волковска”, на должина од 1.800 метри, булевар „Киро Глигоров”, од булеварот АСНОМ до булеварот „Александар Македонски”, на должина од 500 метри, изградба и пробивање на улица „Есенинова”, од булевар „Борис Трајковски” до булевар „Трета македонска бригада”. Улица „Индира Ганди”, втора фаза до обиколницата, на должина од 800 метри - се вели во соопштението.

Исто така, Град Скопје соопштува дека во наредните денови започнува и реконструкцијата на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов”, на потегот од булеварот „Свети Климент Охридски” до кружниот тек кај Католичка црква, на должина од 530 метри, улица „Бутелска”, на потегот од улицата „Александар Урдаревски” до обиколницата, на должина од 850 метри, булевар „Кузман Јосифовски Питу”, на потегот од новата железничка станица до булеварот „Кочо Рацин”, Булевар „Крсте Мисирков”, на потегот од булеварот „Кузман Јосифовски Питу” до булеварот „Гоце Делчев”, на должина од 650 метри