Град Скопје реши над 1400 барања на граѓаните

На електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk досега се пристигнати 1.597 барања, од кои решени се дури 1.437. Најголемиот број граѓани на овој мејл пријавиле проблеми од областа на даночните прашања, уредувањето и одржувањето на зеленилото на јавните површини, како и проблеми со јавниот превоз и чистењето на диви депонии.

На електронската адреса 24@skopje.gov.mk граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа.

Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши секојдневните предизвици со кои тие се соочени.