Град Скопје: Пожарот во Кондово е ставен под контрола

Вчеравечер голем пожар го зафати просторот во близина на селото Кондово во Општина Сарај, информираат од град Скопје.

На терен веднаш излегоа повеќе од 40 пожарникари и возила од Противпожарната бригада на Скопје, како и голем број на луѓе и механизација од јавното претпријатие „комунална хигиена“ кои цела ноќ се бореа со огнената стихија и не дозволија истата да ги зафати куќите.

Пожарот е ставен под контрола, куќите во селото Кондово се надвор од опасност да бидат опфатени од пожарот, а екипите на Противпожарната бригада на Скопје ќе интервенираат на терен до целосното гаснење на пожарот се вели во соопштението од градот.