Град Скопје повикува, сите заедно на плоштадот да ја испратиме старата и да ја дочекаме Новата 2019 година

Град Скопје повикува, заедно да ја испратиме старата и да ја дочекаме Новата 2019 година. 

На 31 декември на градскиот плоштад „Македонија“ почнуваме да одбројуваме уште од 21 часот со настапите на ска-панк-рок бендот „Офкестра“, а потоа и со главниот настап на Аки Рахимовски и „Парни Ваљак“, велат надлежните. 

По концертот на хрватската група, ќе музика ќе пушта диџеј.

Во пресрет на Новата година секој ден ќе има дневна програма за деца, а навечер свирки на домашни бендови. На плоштадот работи и лизгалиштето.

За украсувањето на градот се потрошени 230.000 евра во кои е вклучен и огнометот, додека пак за „Винтерленд“ околу 90.000 евра.

„Цената за украсување е малку повисока од изминатите години бидејќи се вклучени повеќе улици. Со новогодишната населба сакаме да им овозможиме на граѓаните од сите возрасти да уживаат во новогодишните и божиќните денови“, рече Шилегов.