Град Скопје потсетува: Аплицирајте за субвенции за инвертер клима уреди

Град Скопје ги потсетува граѓаните од сите скопски општини дека  остануваат средства за уште околу 1.800 барања за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата.

За добивање на овие субвенци граѓаните може да аплицираат онлајн.

Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери поднесени се 3216 апликации.

Јавниот повик ќе трае заклучно со 30 ноември 2020 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.

Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, Градот Скопје ќе ја информира јавноста на својата веб страна дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“.