Град Скопје поднесе пријава: Намерно се исечени и оштетени кабли на „Железничкиот мост“ во Карпош

Градот Скопје заедно со општина Карпош, денеска поднесе пријава против НН сторител поради оштетување на јавен имот и саботажа откако на т.н. „Железнички Мост“ во општина Карпош на булеварот „Васил Чакаларов“ во текот на вечерта намерно се исечени и оштетени електрични и комуникациски кабли.

-Не сакаме да веруваме дека станува збор за намерна саботажа предизвикана од политичка агенда, но, ако судиме по реакциите на политичките партии кои го политизираа и пожарот на мостот „Беласица“ со шпекулации и предизвикување на општа несигурност и паника кај граѓаните, заклучокот е загрижувачки, соопшти Град Скопје.

Град Скопје апелира до сите институции да ги превземат сите неопходни мерки за да се спречи ваквата појава, како и до сите политички чинители да не поттикнуваат вакво однесување.