Град Скопје почна со обнова на зеленилото на десната страна на кејот на Вардар

Град Скопје почна со обнова на зеленилото на десната страна на којот на Вардар. Според соопштението целиот проект ќе се одвива во повеќе фази со цел воспоставување на мултифункционален модерен јавен простор со ново зеленило.

„Се започнува со обнова на зелениот појас на кејот на реката Вардар од Мост Генерал Михајло Апостолски до мостот Близнак, на должина од над 1500 метри должина, при што се поставува нова хидрантска мрежа и формира над 12.000 метри квадратни нова зелена површина“, стои во соопштението на Градот.