Град Скопје планира годинава да организара нов фестивал по примерот на „Егзит“

Со цел да привлече што повеќе туристи од регионот, Град Скопје сака да оди по стапките на своите соседи. 

Град Скопје планира да издвои средства, каде ќе организира нов фестивал, сличен на Егзит што се одржува во Србија. 

– Се планира организирање на нов скопски фестивал кој што ќе го стави Скопје на европската мапа за забава. Пример од регионот за ова е фестивалот “Егзит”. Идеата е да се привлечат што повеќе туристи од регионот и пошироко коишто би дошле наменски за одреден концерт/изведувач, а со тоа директно и индиректно би допринеле за развој на локалната економија. Настанот би траел 3 дена оваа година, со тенденција да се продолжи до 5 дена во наредните години. Новиот фестивал би бил одржан на нова локација, со цел и да се поттикне развојот на градот којашто е подолго време во сенка. Пример за можни локации се СРЦ Сарај кај утоката на реката Треска, Скопско Кале, итн. – нагласуваат од Град Скопје, во изјава за Вечер.