Град Скопје нема да постапува по опомените за данок на имот и фирмарина за 2019 година

Додека трае вонредната состојба, Град Скопје нема да постапува по опомените за 2019 година кои се доставени до обврзниците за данок на имот и до обврзниците за комунална такса – фирмарина. 

- Град Скопје ги информира граѓаните дека решенијата за данок на имот и фирмарина кои пристигнуваат на нивните адреси беа испратени пред да се случи епидемијата со коронавирусот во нашата држава, а поради новонастанатата состојба, нема да презема дополнителни мерки кон даночните обврзници.

Поточно, додека трае вонредната состојба, Град Скопје нема да постапува по опомените за 2019 година кои се доставени до обврзниците за данок на имот и до обврзниците за комунална такса – фирмарина и нема да се врши присилна наплата на заостанатите неплатени долгови.

Сакаме да напоменеме дека сите случаи кога даночни и таксени обврзници нема да добијат решенија или во решенијата ќе забележат недостатоци и неправилности, ќе се решаваат по укинување на вонредната состојба.

Со почит,

Град Скопје