Град Скопје не му останаа должни на Славески, му порачаа да си го научи Деловникот

Град Скопје се јави со реакција на соопштението на претседателот на советот на Градот, Трајко Славески. Од таму велат дека или Славески лаже или не го знае деловниот за работа

„Имено, поврзано со барањата за измени на условите за приватните превозници вклучително и цената за овој превоз ги утврдува Советот на град Скопје, оттука јасно е дека барањето на приватните превозници е упатено на вистинска адреса до претседателот на Советот на град Скопје и до советниците. До овој момент, Градоначалникот има доставено свое мислење во врска со барањето на приватните превозници а свое мислење има доставено и Управниот одбор на ЈСП до претседателот на Советот Трајко Славевски. Време е Трајко Славевски да го научи Деловникот и да превземе одговорност за блокирањето на работата на Град Скопје“, се вели во соопштението.