Град Скопје набави 23 дигитални интерактивни табли за средните училишта

Градот Скопје преку соопштение информира дека се остваруваат ветувањата од програмата “За Модерно Скопје” во која е предвидено унапредување и модернизација на образовните институции на градот Скопје.

За таа цел Град Скопје за сите 23 средни училишта набави најсовремени интерактивни дигитални табли со цел следење на трендовите на дигитализација во образованието. 

„Современите интерактивни дигитални табли имаат можност за безжично поврзување со повеќе уреди и шест микрофони способни да го преклопат секој амбиентален шум. Taблите имаат вклучена камера со ултра широк агол од 120°, а квалитетот на сликата 4K Ultra HD обезбедува совршена боја и детали. Екранот на допир од термички обработено калено стакло спречува оштетување на панелите, а оптичката технологија овозможува јасен и видлив екран од секој агол што е важно за учениците во образовниот процес. На овој начин преку можностите кои ги нудат интерактивните дигитални табли се олеснува процесот за учениците и наставниот кадар“, се вели во соопштението.