Објавен е конкурсот за „Изработка на идејно решение за дизајн на урбана опрема: клупи, корпи за отпадоци и заштитни столпчиња за зеленило“.

Документацијата за конкурсот може да ја симнете од електронскиот систем за јавни набавки – ЕСЈН и од веб-страница на Град Скопје -www.skopje.gov.mk, или да дојдете да ја подигнете од Одделението за јавни набавки на Град Скопје – барака 1а.

Пријавувањето и добивањето на конкурсната документација ќе се врши и преку адресата konkurs@skopje.gov.mk, а крајниот рок за поднесување на документите за учество на конкурсот е до 12 часот на 12.04.2018 година.

Линк за конкурсот:
http://www.skopje.gov.mk/Uploads/конкурсна%20документација%20klupi.pdf