Град Скопје ќе субвенционира проекти за социјална, детска и здравствена заштита

Град Скопје распиша Јавен повик за поддршка на проекти и програмски активности на организации кои работат во областа на социјалната, детска и здравствена заштита.


Од Град Скопје очекуваат здруженија на граѓани, фондации и други субјекти (организации) што работат во областа на социјалната, детска и здравствена заштита да изготват проекти што ќе ги понудат за остварување социјална заштита на лица со посебни потреби, лица кои употребуваат дроги, општествено вклучување и социјални услуги за ранливите категории на граѓани, еднакви можности на жените и мажите, недискриминација, поттикнување и развој на лични и општествени вредности, како и осмислување, организација и промоција на јубилејното десетто издание на Вечери на женски права 2019, но и за унапредување на здравствена заштита.

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 28 јануари 2019 година.