Град Скопје ќе се кандидира за Европска престолнина на културата за 2028

Градските власти денеска официјално ја објавија одлуката за номинирање на Скопје како можен кандидат за титулата на Европската комисија, Европска престолнина на културата за 2028 година.

– Оваа апликација е доказ за нашите заложби дека Скопје треба да е европски, модерен град, каде вистинските културни вредности ќе бидат на највисоко ниво. Сите активности на Градот или во Градот, како што е реновирањето на Универзална сала, ќе бидат насочени кон целта Скопје во 2028 година да биде европска престолнина на културата, рече Шилегов. Додаде дека да се биде европска престолнина на културата не значи само богата програма на настани, туку и заграбување и оживување на нови културни простори. Потенцира дека културата обединува и не знае за граници.

Шилегов информира дека искуствата од досегашните престолнини покажуваат оти за секое вложено евро, градот добива назад осум евра. Добивањето на оваа титула, како што рече, ќе значи зголемен број на туристи, препознатливост и поголем развој.

Тој потенцира дека Скопје, неговите граѓани и културните работници ќе сторат се оваа наша апликација да стане реалност.

Роберт Алаѓозовски, национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка во кабинетот на премиерот Заев и координатор на тимот Скопје – Европски град на културата 2028 година изјави дека кога ќе биде објавен повикот за кандитурата во 2021 или во 2022 година, ние ќе треба да поднесеме апликација, која е сложена.

Во апликацијата, како што рече, ќе треба да бидат одговорени многу прашања, кои експерти од ЕК ќе ги разгледуваат и преку процес на селекција ние ќе докажаме дека заслужуваме да ја добиеме титулата. Експертите препорачуваат најмалку три до четири години предвреме да се почне со подготовките и еден од критериумите за успех е тоа да не биде кабинетска програма, туку програма која навистина многу ќе му значи на Градот.

– Веќе два месеца едно јадро од десетина луѓе работи на програмата, истражува, ги студира материјалите и успешните апликации, воспоставува почетна комуникација со други градови. Идејата е во 2019 и во 2020 година да се добиваат повеќе средства од буџетот за да може тимот да расте, успешно да го совлада предизвикот и да поднесе апликација која би требало да има најмногу стотина страници, рече Алаѓозовски. Смета дека Скопје има капцитет и ќе успее во овој процес бидејќи добро почнале и имаат план како понатаму да продолжат за да се дојде до успешна апликација.

Алаѓозовски соопшти дека иницијатива и подготвителни активности за кандидатира се почнати од 2014 година, а одлуката е донесена дека со сигурност за три години ќе се кандидираме од сега.

Градовите Пловдив и Љубљана му ги пренесуваат своите искуства и му помагаат на Град Скопје во подготовката на оваа апликација и да се добие титулата – Европски град на културата за 2028 година.

Иван Тотев, градоначалник на Пловдив – Европски град на културата 2019 потенцира дека ова е политички, а не само културен проект и треба да има консензус од сите кои работат во него. На работно ниво треба да бидат луѓе кои ја разбираат културата, а не политичари, да се има план за десет години, да се поврзат сите културни работници…

nike air max 1 sale