Град Скопје ќе им донира на Охрид и Штип по едно пајак возило

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“, во насока на зголемување на соработката на општините Охрид и Штип, ќе донираат движен имот – специјално возило „пајак“.

Донацијата за Општина Охрид се состои од движен имот – специјално товарно возило со дигалка „пајак“, марка Мерцедес произведено во 1991 година, со хидраулична телескопска дигалка марка Вестроспрем од 2009 година.

Донацијата за Општина Штип, ќе биде наменета за Јавно претпријатие за одржување на улици и патишта и други комунално-услужни дејности СТИПИОН 2011 Штип и истата се состои од движен имот – специјално товарно возило со дигалка „пајак“, марка Ивеко Отојол произведено 1996 година.