Град Скопје ќе го реконструира булеварот АСНОМ

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска најави дека ќе се изврши целосна реконструкција на булеварот АСНОМ од крстосницата со булевар Србија до пристапната улица на Куќата на Фудбалот.

- Реконструкцијата на оваа важна сообраќајница под надлежност на Град Скопје е исполнување на уште едно барање на граѓаните и реализација на проектот ветен во програмата За модерно Скопје, кажа Арсовска.

Град Скопје ќе го реконстурира коловозот на улицата на површина од 9750 м2, со нови рабници и тротоари во должина 1.100 метри, а предвидено е и нивелирање на шахти и сливници.