Град Скопје ќе го искористи јавниот простор за организирање изложби на отворено

На неколку локации во Скопје наскоро ќе се создадат услови за одржување на изложби на отворено. Градските власти во наредните два месеци ќе ги набават монтажно-демонтажните елементи за организирање на ваков вид културни настани во Скопје.

На јавните површини во главниот град ќе се постават подвижни преградни ѕидови, постаменти за скулптури и дрвени штафелаи. Покрај тоа што ќе се облагороди дел од просторот наменет на граѓаните, градските власти сметаат дека проектот ќе им обезбеди промоција на творечките дела на ликовните уметници и аматерите преку организирање изложби.