Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Советот на општина Бутел да се избришат седум маркици за изградба на згради

Од Град Скопје ја поздравија одлуката на советниците во Советот на општина Бутел да ги избришат 7-те маркици со кои се предвидуваше изградба на згради.

- Истите беа во директна спротивност на начелото за хумано живеење, како и со вториот план со кој се предвидуваа 26 метри високи згради. Овие планови, кои денес укинаа со одлука на Советот на општина Бутел, апелираме да бидат пренаменети во простор за зеленило, паркови и игралишта. Сепак, ова не ја менува суштината на проблемот во врска со бул.Боца Иванова. Трасата на овој булевар е утврдена со ГУП кој е повисок акт на ДУП и истиот не може да се промени со иницијатива на општина Бутел, порачаа од ГРад Скопје преку соопштение.