Град Скопје и Стопанска Банка засадија 80 нови дрвја од врстата Magnolia Grandiflora во Градскиот парк

Град Скопје соопшти дека заедно со Стопанска банка Скопје засади 80 нови дрвја од врстата Magnolia Grandiflora во делот во рамки на Градскиот парк уреден како Магнолија парк.

„Магнолија паркот кој Град Скопје и Стопанска банка Скопје го реализираат во рамки на континуираните заеднички креирани одржливи проекти, претставува ново катче за одмор и рекреација кое се протега на површина од 2000 метри квадратни, уреден за посетителите на паркот со ново зеленило, дрвја и садници, пешачки патеки и урбана опрема.

Успешната соработка на Град Скопје со Стопанска банка Скопје како општествено одговорна компанија продолжува, преку проектот Зелен Ѕид со кој веќе 2 години Стопанска банка Скопје засадува зимзелени и листопадни дрвја на бројни локации низ Градот, со што се придонесува за активна реализација на приоритетните проекти со цел справување со загадувањето и заштита на животната средина во нашиот град“, се вели во соопштението на градот.