Град Скопје и Измир од денеска се збратимени градови

Делегација од Град Скопје денеска е во службена посета на градот Измир, Република Турција, каде е одржана работна средба со градоначалникот Мустафа Тунч Сојер и е потпишан протокол за збратимување помеѓу Скопје и Измир.

-Со градоначалникот на Измир, со кој денеска потпишавме протокол за збратимување, истакнавме подготвеност за зајакнување на меѓусебните пријателски релации и соработка на конкретни проекти од взаемен интерес, во областа на туризмот, економијата, културата, образованието и животната средина Со овој протокол, Град Скопје и Град Измир, пристапуваат кон конкретна соработка преку реализација на проекти од взаемен интерес и утврдување на соодветна динамика за нивна имплементација, велат од Град Скопје. 

На денешната средба на покана на Градоначалникот на Измир, присуствуваа пратеници, советници, градоначалници од 30 општини под Градот Измир,како и голем број на здруженија, организации од деловната заедница и асоцијации на македонски иселеници во Измир.

-Овој протокол е од исклучителна важност за Градот Скопје од аспект на меѓународно поврзување со град со кој взаемните интереси и цели ќе се преточат во проекти во сите области од интерес, како и размена на искуства кои се во надлежност на локалната самоуправа, велат од Град Скопје.