Град Скопје гради нова атмосферска канализација на Љубљанска

Градот Скопје информира дека инвстираат и реализираат голем број на капитални проекти со предвидената динамика. Еден таков проект како што наведуваат од градот е изградбата на булеварот Љубљанска.

„Во рамките на проектот за изградба на булеварско решение на Љубљанска, се изведува нова атмосферска мрежа со профил Ф400 со што се превенира преоптоварување и излевање по обилни дождови. Дополнително, со изградба на атмосферската канализација се создаваат услови за идно приклучување на останатите линии во овој реон на нова атмосферска мрежа, со што дополнително ќе се подобри функционалноста на канализациониот систем.

Со изградбата на новото сообраќајно решение се олеснува движењето на граѓаните на Општина Карпош директно поврзувајќи ја населбата Карпош со улицата Скупи. Ваквото решение не само што ќе го скрати времето на патување туку и значително ќе го намали сообраќајниот метеж во овој дел од градот. На овој потег истовремено покрај булеварското решение се гради и нова велосипедска и пешачка патека со соодветно партерно уредување“, се вели во соопштението.