Град Скопје го обвинува ВМРО-ДПМНЕ за ширење лаги, манипулации и дезинформации

Град Скопје уште еднаш со несвојствен речник го обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека шири лаги, манипулации и дезинформации во однос на предлог буџетот за 2025 година.

„Апелираме до ВМРО-ДПМНЕ да не се шират лаги, манипулации и дезинформации во врска со расправата по однос на предлог буџетот за 2025 година и тоа од страна на неписмени и нестручни лица кои некако стигнале до микрофон и камера.

Предлог-буџетот се доставува до Совет на општините седум дена пред расправата за истиот. Ова е предвидено со закон и важи за сите единици на локалната самоуправа. Согласно глупавата логика на анонимуси од ВМРО-ДПМНЕ без буџет за следната година ќе останат и во “мрак” ќе бидат и општините каде раководат кадрите на ВМРО ДПМНЕ кои исто до денес немаат доставено предлог буџети за 2025 година.

Предлог-буџетот кој ќе го претставиме пред Советот е развоен и инвестициски, а граѓаните на градот Скопје ги повикуваме да не наседнуваат на лагите на анонимуси“, се вели во соопштението.