Вчера во Град Скопје почна отворањето на пријавите од приватните превозници кои пристигнаа на јавниот повик за 16 линии, поделени во три пакети.
Превозниците аплицирале со три новорегистрирани фирми за трите пакети за кои има потреба од дополнителен автобуски превоз, па ќе се изберат тие кои ги исполнуваат условите и критериумите од огласот кој заврши на 21 март.
Град Скопје бараше превозници во три пакети, и тоа во првиот беа опфатени линиите со броеви „23“, „45“, „61“, „63“ и „73“. Вториот пакет беше за превоз на линиите „9“, „11“, „11а“, „12“, „47а“ и „55“. Третиот пакет ги опфаќа линиите „19“, „20“, „22“, „52“ и „54“.