Град Скопје доби машина за пресадување дрва

За потребите на ЈП „Паркови и зеленило“, Град Скопје набави машина за механичко пресадување на дрвја. Возилото е од италијанската марка „Ивеко“ (Iveco), со специјална механизација неменета за пресадување дрвја. Со помош на оваа машина, садниците ќе можат да се откопаат и транспортираат без да бидат оштетени.

Со користење на ова возило, во иднина при изградба на инфраструктура, нема да има потреба од сечење на зеленилото. Град Скопје е прва единица на локална самоуправа во регионот која набавува ваков вид на возило. Со неговата набавка, директно се работи грижа за животната средина. Машината може да пресадува дрвја со ширина на стеблото од максимум 40 сантиметри. Таа ќе биде користена на терен секаде каде условите дозволуваат. За набавка на овој вид механизација градот потроши близу 10 милиони денари.