Град Скопје до 2025 година ќе набави 250 еко-автобуси

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вети дека во нејзиниот мандат ќе се набават 250 еколошки автобуси, а годинава треба да се набават околу 50 еко-автобуси.

Арсовска кажа дека на седницата на Советот, која е закажана за 26 јануари, треба да се утврди заем од 10 милиони евра за новите автобуси.

Советниците в четврток треба да се изјаснат дали се за задолжување за набавка на еколошки автобуси, а на седницата на Советот треба да бидат објавени повеќе детали.

Со набавка на 250 нови еколошки автобуси и реконструкција на мрежата на автобуски линии треба да се стави крај на хаосот во јавниот сообраќај.