Град Скопје денеска ќе ја урива галијата кај „Холидеј ин“

Од денеска дел по дел ќе почне да се урива галијата која се наоѓа во реката Вардар кај хотелот „Холидеј ин“. 

Оваа одлука градоначалникот Шилегов ја донесе уште во месец јуни минатата година, кога го прекина договорот со сопственикот на бродот  бидејќи не платил кирија за 4 месеци. Со тоа се прекршени одредбите од договорот и може да се отстрани без Градот да биде тужен и да плаќа пенали.

Инаку, галиите кои се наоѓаат во реката Вардар се дел од проектот „Скопје 2014“.