Град Скопје дел од Панел-дискусијата „Споделено родителско отсуство"

Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, присуствуваше на Панел-дискусијата „Споделено родителско отсуство: Најдобри модели, практики и искуства“, што денеска (26.03.2019 година, вторник), се одржа во просториите на хотелот Мериот, во организација на Здружението на граѓани Реактор – истражување во акција Скопје.

Фокусот на Панел-дискусијата, поттикната од изготвувањето на новиот Закон за работни односи, со кој се уредува и правото на родителското отсуство, беше актуализацијата на потребата од усвојувањето нов модел (родителско отсуство), кој ќе ги унапреди правата на родителите, ќе влијае позитивно врз развојот на децата и врз родовата еднаквост во земјата. Едновремено ќе доведе и до усогласување на македонското законодавство со законодавството на ЕУ, каде што споделеното родителско отсуство се воведува како неизбежна пракса за земјите членки.