Град Скопје да му додели парична награда на Георгиевски, предложи Шилегов

По предлог на градоначалникот Петре Шилегов, Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија над 80 килограми) на Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски.

За оваа одлука ќе се гласа на следната седница на Советот на Град Скопје. Георгиевски денеска слета во Скопје, откако пред два дена се закити со сребрен медал на Летните олимписки игри во Токио. Свеченоста по повод овој медал е вечерва во 19:30 часот на Плоштад Македонија.