Грабеж во финансиско друштво во Скопје

Едно лице со закана кон вработен во финансиско друштво, одзело пари. 

Случајот бил пријавен вчера во 17.38 часот во СВР Скопје, а финансиското друштво се наоѓа на булевар „Македонско-косовска бригада“ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.