Грабеж во центарот на Скопје снимен со камера (видео)

Ограбувањата станаа секојдневие, а страшно е што ваквите дела се случуваат и дење и ноќе, и тоа на прометни места.

Пред три дена беше ограбен бутик на улицата “Македонија”.На снимката од камерите се гледа дека разбојникот бил вооружан, облечен во капут и добро маскиран.Тој влегува во бутикот и се упатува кон касата каде стојат две девојки. Ги зема парите и се упатува кон излезот.

Порталот Маркукуле ги објави и видео снимките од безбедносните камери како изгледал грабежот: