Грабеж на менувачница во Скопје, газдата го изрешетале во нозе

Околу 20 часот и 20 минути во Скопје, во Трговскиот “Сарај“ пред менувачница од страна на три непознати лица, од кои едно вооружено со автоматска пушка, а другото со пиштол, било извршено разбојништво врз сопственикот на менувачницата.

Кон истиот било пукано со огнено оружје и притоа се здобил со повреди во пределот на двете нозе по што со возило бил пренесен во Ургентниот Центар во Скопје за укажување на лекарска помош.

СВР-Скопје превзема мерки за целосно расчистување на случајот.