Говорот на телото и хороскопските знаци

Хороскопските знаци можат да се препознаат по изгледот и карактеристичното држење. Сепак, иако говорот на телото е многу различен кај секој од знаците, тој е поврзан со четирите елементи :  оган, земја, воздух и вода.

Оган

Овен – настапот им е сигурен и одлучен. Нивните движења се живи, сигурни и тие го гледаат соговорникот во очи и без извинување постојано го прекинуваат. Секогаш се туркаат пред другите, одат врзо и со силни чекори, со главата горе.

Лав – за себе создаваат слика на возвишеност, посебност и авторитет. Нивниот добар стил и смисла за уметност веднаш ќе бидат забележани на тоа што го носат на себе. Тие особено се грижат нивниот говор на тело да биде во баланс со нивните карактеристики. Имаат ужасна потреба постојано да бидат во одлична форма, но и на себе да имаат детали со кои на другите ќе им покажат колку вредат.

Стрелец – можат да бидат необично убави, имаат исправено држење, зрачат со ведрина, самодоверба и безгрижност. Многу Стрелци се протагонисти на љубовта на прв поглед и тоа највеќе заради нивната неодолива привлечност и животинскиот инстинкт. Кога некој ги привлекува искажуваат отворена потрева за неговата близина и допир, дури и на јавно место.

Земја

Бик –  од продорниот поглед до намуртеното лице, до ситните брчки околуи усните и подигнатите веѓи – тоа се главните карактеристики на говорот на телото на Биковите. Припадниците на овој знак имаат движења и гестови со кои секогаш ја најавуваат својата скриена сензуалност и еротичност.

Девица – гестикулацијата  и мимиките кај нив се сведени на минимум, но тоа малку што се гледа, зборува многу за претставниците на овој знак. колку и да се трудат, тие не можат да ја скријат својата внатрешна нервоза која ќе ја забележите по цупкањето со нозете или чукањето со прстите на масата, но и смирениот, но изгубен поглед. Колку се поуспешни, толку постабилни се на емотивно поле, а нивните движења се посмирени и посигурни.

Јарец – нивните движења се како војнички извежбани, но ако некој подолго време ги набљудува ќе забележи промена во  говорот на телото кога ќе се појави личност што им се допаѓа. Тогаш се намалува нивната сосредоточеност, па наместо да го слуша внимателно разговорот, постојано ќе бара од вас да ги повторите последните кажани зборови. Случувањата кои им се поврзани со нивната кариера влијаат на промените во одењето и држењето на Јарецот.

Воздух

Близнаци – тие се најкомуникативниот знак според нивниот говор на тело. Многу зборуваат и се претерано љубопитни, но и весели, духовити и нескротиливи. Постојано мафтаат со рацете како пантомимичари. Ги поместуваат нозете, имаат потреба нешто постојано да држат во рацете, а нивниот поглед лута како што се појавуваат нови луѓе во просторијата. Тие се како хиперактивни деца.

Вага – привлекувањето на вниманието на спротивниот пол е клуч на разбирањето на говорот на телото на еден претставник на овој знак. Тие сакаат да им се допаѓаат на луѓето. Мажите се ведри и отворени, а жените дистанцирани, но многу насмеани.

Водолија – смирената ладнокрвност на мажот Водолија која се гледа дури и во најмладите години во текот на животот резултира со голема способност за изразување на мислите, сосредоточеност и бурни гестикулации. Жената Водолија се карактеризира со мирна благост и толеранција како контраст на бунтовноста од детството.

Вода

Рак – нивната голема воздржаност е одраз на несвесната потреба за претпазливост поради нивната голема несигурност. Нивната сензуалност се карактеризира со чести промени во тонот на зборување, но и со цврсто стегање на рацете, долг и продорен поглед.

Скорпија – говорот на телото им е непосреден, но и таинствен. Начинот на кој се движат ја покажува нивната состојба на духот. Во напнатите ситуации, усните им се стегнати, а погледот упатен во непознат правец. Ако за некоја личност може да се каже дека убиваат со својот поглед, тоа се однесува на Скорпиите.

Риби  - динамичноста и отвореноста во пристапот кон другите се врзани за неспособноста на Рибите да останат статични и постојани, дури и кога за тоа ќе им се понуди прилика. Несигурноста и потребата за сродна душа ги тера на комуникација многу често со потполно непознати личности. Нивните гестикулации не се претерани, туку симпатични и пријани. Кога се расположени, тие ведро гестикулираат, но кога не се , ги мрзи дури и да го мрднат погледот.