Говор на телото на хороскопските знаци: Раковите ќе ги препознаете по ракувањето, Јарците по одењето, а Овните по цврстиот став

Четирите животни елементи земја, воздух, вода и оган се поврзани со хороскопските знаци. Можеме да ги познаеме по изгледот и карактеристичното држење.

Овен

Без оглед на ставот, Овните се сигурни и одлучни. Нивните движења се сигурни и живи, а кога разговараат со соговорникот, тие го гледаат во очи, без прекинување, со целосно внимание. Тие одат брзо, секогаш се туркаат пред другите и гледаат напред.

Бик

Имаат длабок поглед, намуртени се и имаат подигнати веѓи. Вака ќе ги познаете Биковите. Тие се сензуални личности кои веднаш ќе ги препознаете по своето држење. Знаат да бидат несигурни, но кога се на свој терен се најсилни.

Близнаци

По својот говор на тело, делуваат како мали кутриња кои се секогаш љубопитни. Весели, духовити и нескротливи -  тоа се Близнаците. Постојано мавтаат со рацете како пантомимичари, ги преместуваат нозете од една на друга, постојано весело зборуваат.

Рак

Раковите се личности кои се воздржани и одмерени. Тие имаат ѕид околу себе и така се однесуваат со сите луѓе кои не ги познаваат. Тие се сензуални личности кои го менуваат тонот додека зборуваат за работи кои им значат, цврсто се ракуваат и имаат длабок поглед.

Лав

Тие се истакнуваат по тоа што за себе секогаш создаваат слика за возвишеност, посебност и авторитет. Овие луѓе се забележани каде и да се појават. Убави луѓе, кои сакаат внимание.

Девица

Гестикулациите и мимиките им се сведени на минимум. Но, тоа што малку се гледа, зборува многу. Ќе ја забележите нивната внатрешна нервоза по нивното цупкање со нозете и поглед кој постојано лута наоколу. Колку се поуспешни, толку се емоционално постабилни, но тие секогаш трагаат по совршеноста.

Вага

Овие луѓе се секогаш насмеани. На посебен начин се однесуваат кон луѓето и се трудат да воспостават блискост (барем привидна) со сите околу нив. Тие се отворени и интересни личности, кои секогаш на почетокот се дистанцирани од другите.

Шкорпија

Говорот на тело им е непосреден, но сепак таинствен. Начинот на којшто се движат ги прави да изгледаат мистериозно. Делуваат замислено и студено каде и да се појават и многу ретко ги покажуваат своите емоции. Тие се како санта лед која никогаш не можете да ја стопите.

Стрелец

Луѓето родени во овој знак знаат да бидат невообичаено убави. Имаат исправно држење, самодоверба, безгрижност и убава ведрина.

Јарец

Движењето им е војнички извежбано, а кога некој кој им се допаѓа ќе се појави, тие го менуваат своето однесување. Тогаш концентрацијата им слабее, па наместо да ја впијат секоја реченица, тие како да не слушаат ниту еден збор.

Водолија

Како се чувствуваат, така и се однесуваат, без оглед на тоа кој е покрај нив. Често гестикулираат и мрдаат со рацете и се трудат да ги анализираат другите луѓе, особено оние кои ги гледаат прв пат.

Риби

Тие се динамични и отворени во пристапот со другите луѓе. Не можат да останат мирни дури и да сакаат. Често се интересни и симпатични, а најубави се кога се расположени.