СОСТОЈКИ:

150 гр маргарин

200 гр чоколадо за готвење

2 лажици мед

200 гр шеќер

2 дл кока кола

200 гр бисквити

150 гр сечени ореви

СОСТОЈКИ ЗА ГЛАЗУРА:

парче маргарин

50 гр чоколадо

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Калап во форма на триаголник се обложува со хартија.

Во тава на оган се става мешавина од кока кола, шеќер, маргарин и чоколадо.

Откако ќе се стопат и соединат се додаваат искршените бисквити, оревите и медот.

Смесата се изедначува и се става во калапот за колачи, па се става глазурата која ќе ја направите со маргарин и чоколадо растпени и соединети на оган.

Откако ќе се олади, исечете триаголници и украсете фи по желба.