Готово, кревам раце од љубовта!

Те сакав.

Навистина се трудев да излезе сѐ како што треба, дури и кога ми кажа дека не можеш да бидеш со мене на начинот кој го заслужувам. И се насмевнував и ти велев дека тоа е океј. Дека сѐ е во ред. Но, не беше, нели?

Те лажев кога ти реков дека е океј тоа што продолжуваш понатаму без мене. Лажев кога ти реков дека може да останеме пријатели.

Знам дека звучи себично, но не сакам да си одиш.
Не сакам да бидам заменета.
Не сакам да те замислувам со некоја друга, некоја подобра и поубава од мене.
Не можам да го поднесам тоа, да мислам дека јас едноставно не бев доволно добра.
Не знам во кој момент отидоа работите во погрешен правец, во кој момент престанав да те гледам во очи. Затоа што на потешкиот начин сфатив дека зборовите се само зборови.
Благодарение на тебе.
Сакав да верувам дека овојпат работите ќе бидат поинакви, дека ќе си стоиш на кажаното, дека ќе бидеш мажот кој знаев дека можеш да бидеш.
Не е дека не сакав да чекам тој маж да излезе на површина. Бидејќи бев подготвена и на тоа.
Но, сега знам дека тој човек не беше реален и јас си го имав замислено во главата.
Ние имаме толку многу историја. Сакав да видам во кој правец ќе се движиме. Но, ти ме остави со празни раце. Можеби едноставно моментот не беше погоден.
И не сакам повеќе да те молам. Не сакам повторно да почнувам од почеток само за да останам сама.
Ти поттикна нешто во моето срце и одеднаш, дозволи таа искра да згасне. И не сакам повеќе да се трудам да ти ги читам мислите.
Ги сакав само најдобрите работи за тебе. Затоа што знам дека ги заслужуваш. Но, знам дека тоа ме повредува мене. Ме уништуваш. Полека, но сигурно. Ако можев да го изгасам мојот ум барем за миг, би можела да гледам јасно. Но, сѐ што имам е спомен од тебе.
Ти не ми даде ни шанса да се искажам. Па затоа, оди, мисли дека ова воопшто не е важно.
Нема да те убедувам да останеш, да ги надминеме овие работи и да бидеме среќни.
Мислам дека можев бескрајно да те сакам, доколку ми ја дадеше таа шанса. Ако само останеше доволно долго.
Но, јас завршив. Не сакам да размислувам за тебе на овој начин и не сакам да те изгубам, но моето срце веќе не може да го поднесе ова.
Можев да бидам она што ти е потребно. Но, сега не сакам ништо од тебе. И ништо за тебе.
Готово, кревам раце!