Готови за 15 минути: Брзи лиснати кифли - одлично одат со кафе или чаj

Oвие кифлички се прават од состојки кои веќе ги имате. Се топат во уста. Одлични се со кафе или чај, а перфектни се и за деца.

Состојки:

½ кг брашно

250 гр маргарин

1 јајце

1 прашок за пециво

180 гр кисела павлака

мармалад или крем

Подготовка:

Замесете тесто од наведените состојки и ставете го малку во фрижидер да се стегне.

Потоа расукајте го и правете кифлички со фил по желба.

Печете на 180 С околу 15 минути.