
34-годишна жена од Гостивар пријавила дека била измамена од адвокат од истиот град за сума од 800 евра.
Според пријавата поднесена на вчера во ОВР Гостивар, жената била доведена во заблуда во текот на јуни, кога по претходни консултации во врска со службено постапување, адвокатот побарал да му плати за наводно застапување по одреден предмет.
По извршените проверки, пријавителката констатирала дека предметот за кој било побарано застапување не постоел.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.