Гостиварка нападнала полицајци, кривично ќе одговара

Кривично ќе се гони жена од Гостивар која напднала полциајци. 

- Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Д.Ј.(36) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 16.03.2026 во Гостивар, пријавената физички нападнала полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираа од полицијата.