
Вчера во 15:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода А.П.(30).
Како што се наведува во полицискиот билтен, 30-годишната А.П. била уапсена постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот 62-годишен татко од Гостивар, дека физички го нападнала, при што употребила и дрвен предмет и му нанела повреди.
А.П. била задржана во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.