Гостиварка го лажела партнерот од Косово дека е бремена за да ѝ испраќа пари - „ќарила“ 18.000 евра

Жена од гостиварско доби кривична пријава, бидејќи го лажела партнерот дека е бремена за да ѝ испраќа пари.

Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Тетово поднело кривична пријава против Е.Р.(33) од село Дебреше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама’’.

Пријавената го довела во заблуда нејзиниот партнер од Косово дека е бремена, при што тој во неколку наврати преку брз трансфер на пари и префрлил 18.000 евра, по што признала дека го лажела дека детето е негово за да испраќа пари.