
„Бмв“ удри во паркирано возило на гостиварска улица. Тешко е повреден 27-годишник.
- На 03.01.2026 во 02:35 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Гостивар, патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувно од Л.Б.(27) од с.Градец, општина Врапчиште, удрило во паркирано патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, паркирано од Е.С.(19) од село Здуње, гостиварско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник В.А.(27) од село Градец, а со телесни повреди се здобиле возачот и другиот сопатник Н.И.(37) од с.Градец, констатирани во Медицински центар Гостивар, информираа од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.