Гостиварец се скарал со сопругата, па ја полил со врело кафе и ја изгорел

Синоќа во 23:30 часот во гостиварско село, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Б.К.(52) од селото.

Како што се наведува во полицискиот билтен, 52-годишниот Б.К. бил уапсен постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна сопруга дека во семејниот дом, по кратка расправија, истурил врело кафе врз неа, при што таа се здобила со изгореници.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

*Фотографијата ја подготви Скопје Инфо со помош на ВИ