Гостиварец обвинет за пренесување на бруцелоза, побарано да плати парична казна

Гостиварец е обвинет за пренесување на бруцелоза и од страна на јавен обвинител побарано е да плати парична казна од 100 дневни глоби.

Тој не постапил според прописите и решението за спречување на заразни болести кои од животните се пренесуваат кај луѓето и при контрола во неговото одгледувалиште во гостиварското село Рибница потврдено е присуство на бруцелоза кај овците и козите.