Гостиварец најден мртов во фотелја во летна тераса од кафуле

Вчера наутро во 06.50 часот, Х.А.(36) од Гостивар пријавил дека на тераса од угостителски објект на бул.„Браќа Ѓиноски" во Гостивар, во една од фотелјите забележал непознато лице, без знаци на живот.
Полициски службеници констатирале дека станува збор за Н.А.(52) од Гостивар, а од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт.

Увид на местото нанастанот извршиле екипа од ОВР Гостивар и Јавен обвинител, по чија наредба телото било пренесено во капела во Медицински центар Гостивар.

izvor -mkd.mk