Гостиварец ја пријавил бившата во полиција: Го следела, вознемирувала и му се заканувала

Вчера во ОВР Гостивар 28-годишник пријавил вознемирување и упатување закани од страна на поранешната девојка.

Како што информираат од МВР, 28-годишен жител на Гостивар пријавил дека околу 21:00 часот, на булеварот „Браќа Ѓиноски“, неговата поранешна девојка В.Н. вербално го нападнала и му упатила закани.

Во пријавата тој навел дека В.Н. и претходно, во повеќе наврати, го вознемирувала и следела.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.