Гостиварец измамен од тетовец за над 2.200 евра - требало да му царини мотоцикл од Швајцарија

Вчера во 09:50 часот во СВР Тетово, 39-годишен маж од Тетово пријавил дека бил измамен од З.Ј. од Гостивар за сума од 2.230 евра.

Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавеното, во текот на февруари 2026 година, преку посредник, стапил во контакт со пријавениот за царинење на мотоцикл од Швајцарија.

Како што е пријавено, откако се сретнале во Тетово му ги дал парите, З.Ј. не го исполнил договорот и не му ги вратил парите, при што се посомневал дека е измамен.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.