Гостиварец доби кривична пријава - натепал двајца полицајци

47-годишен гостиварец доби кривична пријава поради физички напад врз двајца полициски службеници додека вршеле службени дејствија.

Како што се наведува во полицискиот билтен, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против С.Н.(47) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 19.08.2026 на улицата „Балиндолска“ во Гостивар, пријавениот физички нападнал двајца полициски службеници додека вршеле службени дејствија.