Македонија, градот Скопје, Арената Филип Втори, градоначалникот Коце Трајановски се едни од главните вести во сите светски медиуми.
Гостите кои поради Суперкупот се дојдени во Македонија се воодушевени од гостопримливоста и атмосферата во градот.
Сите светски медиуми исто така информираат и за стадионот на кој ќе се игра натпреварот, Арената Филип Втори. Дејли Меил, Експрес, Дејли Стар, Мирор и многу други медиуми од Британија се само дел од оние кои пишуваат за Македонија. Покрај шпанските и британските медиуми за овој хепенинг во Македонија пишуваат медиуми скоро од целиот свет.
Сите светски медиуми моментално се свртени кон Скопје и Македонија, каде вечерва ќе има голем спектакл, а е тоа мечот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед од Суперкупот на Европа.
Еден од најдобрите британски медиуми во својот текст пишува и за градоначалникот Коце Трајановски, како и се споменува промотивното видео за Суперкупот.